Германија

Нов бран откажани летови на аеродромот во Франкфурт

15.04.2026 16:05

Синдикатот на кабински персонал најави нови штрајкови до крајот на неделата, кои ќе ги погодат летовите на Луфтханза од повеќе германски градови...

По завршувањето на дводневниот штрајк на пилотите, нов бран откажани летови утринава на аеродромот во Франкфурт.

Синдикатот на кабински персонал најави нови штрајкови до крајот на неделата, кои ќе ги погодат летовите на Луфтханза од повеќе германски градови.

Како причина се наведува недостиг од напредок во преговорите за нов колективен договор. Во наредните денови се очекуваат дополнителни нарушувања во авиосообраќајот.