Енергетика

Исклучен Блок 3 во РЕК Битола поради дефект, во тек активирање на Блок 1

15.04.2026 11:53

Поради скината цевка на котелот, Блок 3 во РЕК Битола е исклучен од мрежата, а се очекува денеска да биде вклучен Блок 1.

Поради технички дефект – скината цевка во дел од котелот, Блок 3 на РЕК Битола е исклучен од електроенергетскиот систем. Од АД ЕСМ информираат дека дефектот настанал вчера околу 18 часот, по што веднаш започнале активности за ставање во функција на Блок 1.

Според најавите, Блок 1 се очекува да биде синхронизиран со мрежата во текот на денешниот ден.

Од компанијата посочуваат дека и во изминатиот период електраната работела со еден блок поради намалена потрошувачка и поволни хидролошки услови, а ваквиот режим ќе продолжи и во наредниот период.