Македонија

100 нови возила за Македонска пошта за побрзи и поефикасни услуги

15.04.2026 12:41

Со набавка на 100 нови возила, Владата најавува модернизација на Македонска пошта и подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека набавката на 100 нови возила за Македонска пошта претставува значаен чекор кон модернизација на институцијата и подобрување на услугите.

Тој посочи дека возниот парк досега бил застарен, со просечна старост од околу 15 години, што предизвикувало чести дефекти, зголемени трошоци и доцнење на пратките.

Со новите возила, како што нагласи, се очекува побрза, поефикасна и посигурна достава, како и намалување на трошоците и зголемување на продуктивноста.

Мицкоски додаде дека ова е дел од поширок план за реформи, со кој се предвидува зголемување на ефикасноста и профитабилноста на Поштата за околу 15 проценти, како и нејзино прилагодување на современите предизвици, вклучително и растот на електронската трговија.