Едукација во детските градинки за поголема сообраќајна култура

17.09.2014 16:22

Годинава, педесетгодишната традиција од кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, продолжува и во детските градинки...

Кога и каде смее да се поминува улица, што значи црвеното, а што зеленото светло на семафорот, најмалите во градинките учеа како треба да се однесуваат како учесници во сообраќајот.  Годинава, педесетгодишната традиција од кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, продолжува и во детските градинки.

„Децата уште од намала возраст се учесници во сообраќајот како пешаци и како велосипедисти. Иако родителите вршат надзор, тие можат да се соочат со опасности, затоа се организираат ваквите едукативни работилници“, рече Диме Спасов, министер за труд и социјална политика.

Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Здружението на авто-школи и инструкторите се вклучија и во најновата кампања на Владата „Почитувај ги правилата, почитувај го животот“, која треба да ја зголеми сообраќајната култура.

„Крајната цел е помалку жртви во сообраќајот и помалку матерјални штети кои настануваат секојдневно на патиштата во Македонија“, рече Никола Ангеловски, претседател на Републички совет за безбедост на сообраќајот на патиштата.

Кога добија можност да ги покажат своите возачки вештини, очигледно беше дека однесувањето на родителите во сообраќајот имало големо влијалние врз нив. 

Наташа Јанчиќ