Осуда за нападот на синагогата во Скопје, повик за смиреност и соживот
Нема да дозволиме надворешните судири да се прелијат во нашата Македонија во која имаме мир и соживот, порака од лидерите на верските заедници и религиозни групи во земјава.

Ова е прв напад на синагога во Македонија од 1945-та година. Нема да дозволиме надворешните судири да се прелијат во нашата државава во која имаме мир и соживот помеѓу сите верски заедници. Важно ни е да се фатат сторителите и веруваме дека државата ќе преземе мерки за да се превенираат ваквите вандализми и во корен да се отстранат ваквите верски нетрпеливости, став на Пепо Леви, претседател на Еврејската заедница во Македонија. Лидерите на верските заедници и религиозни групи испратија порака за меѓусебна почит и зачувување на вредностите кои не држат сплотени како заедница.
Даваме сè од себе за соживотот и толеранцијата во Македонија да се развива, став на Исламската верска заедница.
Додека светот е во хаос и секојдневно војните носат стотици и илјадници жртви, една мала земја како Македонија мора да се стреми да го чува мирот, спокојот и соживотот, став на лидерите на верските заедници.
Во неделата изутрината две лица на мотоцикл ја прескокнале оградата на еврејскиот верски објект во Скопје и со канистер со бензин се обиделе да предизвикаат пожар. МВР го истражува случајот.
Александра Спировска
