За сите сегашни или бивши функционери, еднакви се условите – вели премиерот Мицкоски
Премиерот Мицкоски нема информации, но има чувство дека ќе се гонат поранешни премиери – на опозицијата и прати порака дека правдата важи подеднакво за сите. СДСМ оценува – власта ја фаќа паника од падот на Орбан...

Шефот на Владата со порака – опозицијата доколку сака да биде реална алтернатива на владата да го повика Васко Ковачевски да се врати во земјава и да се соочи со правдата. За сите сегашни или бивши функционери еднакви се условите – вели премиерот Христијан Мицкоски. Немам информации, вели шефот на Владата, но имам чувство дека набргу ќе се случи истрага за поранешни функционери од СДСМ и нивни роднини.
На ваквата изјава СДСМ реагира со констатација дека чувството на страв е кај власта поради падот на Орбан во Унгарија.
По смената на власта во Унгарија СДСМ бара реактивирање на постапката за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски.
По барање на правда судот и Обвинителството започнаа да ги прибираат документите од сите предметите во кои е инволвиран Груевски. Потоа, рекоа од правда, ќе постапат според пропишаните закони. Барањето за екстрадиција на Никола Груевски, Унгарија го одбила во 2019.
Миле А. Ристески
