Распородадени за 30 минути билетите за отворањето на Мајските оперски вечери
15.04.2026 13:50
Огромен интерес за 54-тото издание на Мајски оперски вечери – билетите за отворањето на 9 мај се распродадоа за само половина час.

Билетите за отворањето на 54-тото издание на Мајските оперски вечери, кое ќе се одржи на 9 мај, се распродадоа за само 30 минути, потврдувајќи го големиот интерес на публиката и значењето на фестивалот.
Организаторите оценуваат дека ваквиот одѕив уште еднаш ја потврдува позицијата на фестивалот како еден од најзначајните културни настани во земјата и регионот.
Годинашната програма нуди богат оперски репертоар, меѓу кои Риголето, Тоска, Мадам Батерфлај, Травијата и Набуко.
Од таму најавуваат дека интересот ќе продолжи и за останатите изведби, упатувајќи апел до љубителите на уметноста навреме да обезбедат билети.
