Изложба на Жанета Вангели во Белград- „Архивски документи“ пред српската публика
Изложбата „Архивски документи“ на Жанета Вангели ќе биде отворена на 16-ти април во Културно-информативниот центар во Белград, со 41 дело и аудио материјали.

Во Културно-информативниот центар во Белград на 16-ти април ќе биде отворена изложбата „Архивски документи“ на македонската уметница Жанета Вангели, во рамки на програмските активности на Национална галерија.
Изложбата, која ќе трае до 6-ти мај, е нејзино прво самостојно претставување пред српската публика и опфаќа 41 дело изработени во техника плотер принт, како и аудио материјали.
На отворањето ќе се обратат директорот на КИЦ Белград, Васко Шутаров, и кураторката Маја Крстевска.
Проектот е дел од континуираните активности за промоција на македонската современа уметност во странство, со поддршка на Министерството за култура и туризам.
