Скопје

Скопје се подготвува за европска престолнина на културата во 2028 година

15.04.2026 18:35

Европски градоначалници во Скопје со поддршка за главниот град кој во 2028 година ќе биде Европска престолнина на културата. Со скопскиот градоначалник ќе разменат искуства и мислења за можностите и предизвиците што ги носи престижното признание.

Почнаа подготовките Скопје да биде европска престолнина на културата во 2028-ма. Со поддршка од ЕУ, главниот град ќе има придобивки за развој на економијата и туризмот, вели скопскиот градоначалник.

Градоначалници на Горициа, Италија, Нова Горица, Словенија, и Кемниц, Германија со поддршка за Скопје. На градоначалникот Ѓорѓиевски му ги посочија можностите и предизвиците од станувањето европска престолнина на културата.

Скопскиот градоначалник вети дека три културни проекти ќе бидат завршени до крајот на оваа година, а до 2028-та Скопје ќе се справи и со сите урбани проблеми што ги има.

Ирина Гелевска