Пошта доби 100 нови возила за побрзи испораки
Нов почеток и нова енергија во Македонска пошта преку набавката на 100-те нови возила за институцијата, најавуваат од Владата. Инвестицијата од над 2 милиона евра-стартна точка во модернизацијата...

Крај за доцнењето на пратките, незадоволство кај граѓаните и големи загуби. Нов почеток и нова енергија во Македонска пошта преку набавката на 100-те нови возила за институцијата, најавуваат од Владата. Инвестицијата од над 2 милиона евра-стартна точка во модернизацијата. Вицепремиерот Николоски најавува нови вложува поштата да стане профитабилна компанија која ќе нуди најквалитетни услуги.
Ако до пред 2 години во депоата на Пошта имало над 600.000 пратки сега нема ниту една велат од институцијата.
За директорот Куртиши приоритети се подобрување на условите за работа и вработувањето на нов кадар, со оглед дека просечната старост на вработените во пошта е околу 55 години.
Граѓаните со поделени мислења за ефикасноста на Пошта.
Просечната старост на возниот парк на Пошта е околу 15 години. Ревизорските извештаи многу пати досега откриваа дека институцијата тоне во долгови. Менаџментот тврди дека состојбата се подобрува, предвидуваат намалување на трошоците за 15 проценти.
Викторија Милевска
