Ракометарите на завршни подготовки во Пореч
Дваесет денови остануваат до почетокот на Европското ракометно првенство. Македонските репрезенти утре ќе отпатуваат во Пореч. На хрватското крајбрежје ќе ја коваат формата во пресрет на патот во Данска.
Денеска беше промовиран дресот, кој македонските репрезентативци ќе го носат на Еуропеото. Се надеваат дека ќе им донесе среќа. Деновиве постојано се со мислите и со повредениот свој колега Наумче Мојсоски. Од клиниката во Виена, каде што Мојсовски вчера беше опериран доаѓаат оптимистички тонови за неговото закрепнување и непречено натамошно играње ракомет.

Селекторот Ивица Обрван соочен со отсуството на еден од носителите на играта е со вакви очекувања:
„Ние сите заедно имаме задача да го надополниме отсуството на Мојсовски. Наша цел е да играме што поквалитетно и да ја оствариме основната цел, пласман во втората фаза од Европското првенство. Потоа ќе размислуваме за наредните натпревари.“
Во пресрет на новиот исчекор на Македонија на големата ракометна сцена Филип Лазаров смета дека шансите на Македонија првите мечеви во групата во Хернинг против Австрија,Чешка и Данска се добри:
„Не очекува Европското првенство на кое го браниме 5-то место од пред две години во Белград. Нашата прва цел ќе биде да ја минеме прелиминарната група. Не очекуваат две репрезентации кои се приближно на наше рамниште. Тоа се Австрија и Чешка. Данска е веќе нешто друго. Таа е европски шампион, игра на свој терен, а и нашите искуства против Данците не се најдобри. Сепак мислам дека нашите изгледи да ја минеме првата бариера на првенството се добри.“
Во Пореч македонската селекција ќе престојува до крајот на декември, одработувајќи го првиот дел од завршните подготовки за Европското првенство.