Амбулантите полни со болни дечиња
Променливо време, деца со различни симптоми во ординациите на педијатрите. По сто се прегледуваат на ден. Комбинирани вируси, но сите со висока температура.

Комбинирани вируси, сите со високи температури и дехидрираност. Променливото време, донесе променливи ситуации во амбулантите на матичните лекари, вели педијатарката Драгана Емел- Маркоска. Деведесет болни деца прегледале за еден ден.
Докторката Маркоска советува дека поинтензивно давање витамини е оправдано само ако кај детето има симптоми на настинка, во секој друг случај е штетно за детето. Родителите изморени од постојано разболување на детето даваат премногу витамини.
Децата да се извадат од моловите и игротеките, апелира доктор Маркоска. Сонце и чист воздух се најдобра лек.
Наташа Јанчиќ- Менковски
