Македонија

Анастас Коцарев постхумно одликуван со орден

15.04.2026 19:33

Претседателката Сиљановска-Давкова постхумно го одликува Анастас Коцарев, познат онколог во светот, роден во Македонија со орден „Илинден – 1903 година“ …

Неговата личност е симбол на спојот меѓу науката и патриотизмот. Нам ни е повеќе потребна наградата одошто нему, оти медицинскиот великан кој бил далеку пред времето, ја легитимира малата држава како татковина на научникот од светски глас, со којшто се гордееме, кого го почитуваме и наградуваме – рече претседателката на државата Сиљановска-Давкова.

Признанието е чин на враќање на Коцарев во македонскиот пантеон на вечноста, истакна Соња Коцарева-Трпезановска.

Коцарев е роден во Охрид во 1890 година. Тој бил еден од пионерите на радиотерапијата и радиографијата, соработувал со нобеловката Марија Кири и истовремено активно се залагал за македонската кауза преку студентските и политичките друштва во Швајцарија и Франција.

Ана Јосифоска