Владата разгледува мерки за цените на производите кај кои е забележано поскапување
Кризната состојба продолжена, власта очекува дополнително поевтинување на горивата. По направената анализа се кројат планови како да се намалат цените на производите, кој кои е забележано поскапување.

Владата разгледува мерки за производите каде се регистрирани поскапувања. Се бара начин како да се дојде до пониски цени, откако двоцифрен раст беше забележан кај зеленчукот, доматите, краставиците, јајцата. Скок има и кај маслото за јадење и сирењето, како и кај хигиенските производи. Предмет на анализа беа 55 производи во четири маркети.
И граѓаните почувствувале поскапување кај дел од производите.
Надлежните не очекуваат голем скок на инфлацијата поради цената на горивата. Кризната состојба е продолжена, земјава има доволно деривати. Премиерот Мицкоски очекува ново поевтинување на горивата.
Намалените ДДВ и акциза за горивата и натаму остануваат во сила.
Игор Панов
