МНР

Белгискиот шеф на дипломатијата во Скопје

15.04.2026 20:24

Шефот на белгиската дипломатија, Максим Прево допатува во официјална посета на земјава. Неговиот домаќин Муцунски побара ЕУ да не вреднува по спроведените реформи, Прево дециден – билатералните прашања не треба да се пречка за процесот, обврската за уставните измени останува, Скопје треба да добие уверување дека ќе нема нови блокади.

Брисел силно го поддржува европскиот пат на Македонија – Белгија смета дека билатералните проблеми не треба да бидат причина за блокада на интегративниот процес, кој треба да биде кредибилен и да се заснова на реформите. Македонија треба да добие некакво уверување дека откако ќе ги направи уставните измени, ќе нема нови пречки вели министерот за надворешни работи на Белгија

Шефот на македонската дипломатија Муцунски смета дека процесот на пристапување треба да се заснова на копенхашките критериуми, но и ЕУ да спроведе внатрешни реформи за прием на нови членки. Фон Дер Лајен веќе оцени дека сега е момент да се отвори дебата за одлучување со квалификувано мнозинство, а на иста линија е и Прево. Муцунски, пак, смета дека е успех што земјава не била вовлечена во изборната кампања во Бугарија.

Муцунски се осврна и на разговорот Анита Орбан, која треба да биде нова шефица на унгарската дипломатија. Добил уверување дека Западен Балкан останува меѓу приоритетите на Будимпешта и оти билатералната соработка ќе треба да се надгради.

 

Марина Стојанова-Тонева