Судница „Идризово“
Продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“
16.04.2026 08:08
Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во која животот го загубија 63 лица, а над 200 се повредени...

Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во која животот го загубија 63 лица, а над 200 се повредени.
На претходните рочишта сведоците на Обвинителството посочија на сериозни пропусти, недостиг на противпожарни апарати, празен хидрант и заклучена помошна врата, но и дека општина Кочани повеќе од една деценија немала инспектор за заштита и спасување.
