Временска прогноза
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
16.04.2026 08:02
Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
