Собрание

Собранието ќе ја одржи 99. седница

16.04.2026 08:22

Собранието денеска ќе ја одржи 99. седница на која на дневен ред е Предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на државава до 20 јули годинава...

Собранието денеска ќе ја одржи 99. седница на која на дневен ред е Предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на државава до 20 јули годинава.

Предлог-одуката е на дневен ред и на седница на собраниската Комисија за одбрана и бебзедност. Одлуката, според предлогот, ќе почне да се применува на 21-ви април.

По конфликтот на Блискиот Исток, Владата на седница на 23. минатиот месец донесе одлука за намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти за горивата и ослободување количини мазут од државните резерви, како и одлука во времетраење од 30 дена за прогласување кризна состојба на целата територија на државата со цел да се овозможи соодветно законско постапување и институциите да можат ефикасно да ги спроведуваат мерките. Со одлуката се утврди постоење кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати на населението, како последица од постоење на ризици и опасности во снабдувањето со стратегиските енергенси, како и попречување и блокирање на нивниот увоз во државава. Тогаш беше активиран и Главниот штаб при Центарот за управување со кризи, кој е во постојано заседавање заради следење на мерките и активностите и координирано дејствување поврзани со оваа одлука.