Економија

Вицепремиерот Николоски на средба со регионалните комори во Битола и Прилеп

16.04.2026 08:46

На состанокот ќе се разговара за реализација на инфраструктурните проекти во Пелагонискиот регион..

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе присуствува на заеднички состанок со регионалните комори од Битола и Прилеп.

На состанокот ќе се разговара за реализација на инфраструктурните проекти во Пелагонискиот регион, најави Министерството за транспорт.