„Симфониски хоризонти“ со Бадивуку и Краповски во Филхармонија
Диригент е Десар Сулејмани (Германија), а на програмата се увертира од операта „Поетот и Селанецот“ од Ф. Фон Супе, Концертот за виолина и виолончело „Музата и поетот” од К.Сен-Санс, „Тешкото“ од Г.Смокварски и Симфонијата број 9 од А. Дворжак

Вечерва, во 20 часот оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт насловен „Симфониски хоризонти“ на кој како солисти ќе настапат виолинистката Сихана Бадивуку и виолончелистот Паскал Краповски.
Диригент е Десар Сулејмани (Германија), а на програмата се увертира од операта „Поетот и Селанецот“ од Ф. Фон Супе, Концертот за виолина и виолончело „Музата и поетот” од К.Сен-Санс, „Тешкото“ од Г.Смокварски и Симфонијата број 9 од А. Дворжак. Сулејмани е германски пијанист и диригент, роден во Албанија, чија уметничка дејност се развива на пресекот меѓу музичката интерпретација, едукацијата и културната размена.
Виолинистката Сихана Бадивуку-Хоџа се смета за една од најпрефинетите музички уметници од т.н. средна генерација, додека Паскал Краповски, својот уметнички израз активно го презентира на концертните подиуми низ Македонија и во странство.
Со истата програма, на 18 и 19 април Македонската филхармонија ќе гостува во Германија, Бон – родното место на Бетовен и во Оберхаузаен, со што ја потврдува улогата на Македонија како земја со богата музичка традиција.
Концертите на Македонската филхармонија во Германија се составен дел од свечениот настан по повод 5-годишнината од партнерството меѓу Северна Рајна-Вестфалија и Северна Македонија.
