УКРАИНА

Жртви и повредени во напади во Киев и Одеса

16.04.2026 09:29

Москва нотира напади во руското црноморско пристаниште Туапсе. И двете страни објавија дека меѓу загинатите има и деца.

Во сенка на војната на Блискиот Исток, продолжува војната во Украина. Жртви и повредени во напад со ракети и беспилотни летала во Киев и во Одеса. Москва нотира напади во руското црноморско пристаниште Туапсе. И двете страни објавија дека меѓу загинатите има и деца.

Вчера во Берлин се одржа состанок на Контакт групата за одбраната на Украина. Генералниот секретар на НАТО, Руте, изјави дека земјите-партнери мора да ги зголемат инвестициите за да и обезбедат на Украина 60 милијарди долари одбранбена помош годинава.

Од друга страна, руското Министерство за одбрана вели дека плановите на неколку европски земји за зголемување на испораката на беспилотни летала во Украина водат до непредвидливи последици и остра ескалација на воената и политичката ситуација низ целиот континент.