Четири години војна во Судан
Завојуваните стани, суданската армија и паравоените сили за брза поддршка се водени од двајца генерали кои претходно учествуваа во соборувањето на долгогодишниот лидер Омар ал-Башир во 2019 година, по што почна транзицијата кон цивилна власт.

Војната во Судан влезе во четвртата година. Земјата и натаму се соочува со една од најтешките хуманитарни кризи во светот. Завојуваните стани, суданската армија и паравоените сили за брза поддршка се водени од двајца генерали кои претходно учествуваа во соборувањето на долгогодишниот лидер Омар ал-Башир во 2019 година, по што почна транзицијата кон цивилна власт.
Процесот беше запрен со воен удар, а подоцна дојде до судири околу интеграцијата на силите и идниот политички правец на државата.
По почетокот на војната во април 2023 година, во конфликтот се вклучија и бројни локални милиции, како и странски сили.
Според извештаи на Обединетите Нации и американски функционери, Обединетите Арапски Емирати наводно им даваат значајна поддршка на Силите за брза поддршка преку соседни држави.
Суданската армија, пак, како свои поддржувачи ги наведува Египет, Турција, Саудиска Арабија и Катар.
