САД
Претставен дизајнот на триумфалната капија која Трамп сака да ја гради во Вашингтон
16.04.2026 11:12
Структурата би го надминала и Споменикот на Линколн, кој е висок 30 метри.

Претставен дизајнот на 76 метарската триумфална капија која претседателот Доналд Трамп сака да биде изградена на влезот во главниот град на САД. Предлогот оди на разгледување пред федералната агенција.
Структурата би го надминала и Споменикот на Линколн, кој е висок 30 метри.
Администрацијата на Трамп уверува дека триумфалната капија треба да биде проект што сите Американци, од сите политички убедувања можат да го поддржат.
Противниците поднесоа тужба со која бараат да го блокираат планирањето и изградбата на зданието, тврдејќи дека секој значаен нов развој на федерално управувано земјиште во Вашингтон бара одобрение од Конгресот.
