Кривичен суд

Продолжува судењето за поранешната антикорупционерка Димитровска

16.04.2026 10:40

На претходното рочиште таа рече дека не чувствува вина за оддавање службена тајна и за компјутерски фалсификат. Нејзиниот бранител побара да се повлече обвинението, бидејќи како што рече, информациите што биле споделени не се класифицирани и биле изнесени на јавна седница на комисијата.

Со изведување докази на Јавното обвинителство, продолжува судењето за поранешната прва антикорупционерка Татјана Димитровска, обвинета за случајот „Адитив“.

На претходното рочиште таа рече дека не чувствува вина за оддавање службена тајна и за компјутерски фалсификат. Нејзиниот бранител побара да се повлече обвинението, бидејќи како што рече, информациите што биле споделени не се класифицирани и биле изнесени на јавна седница на комисијата.

Според Обвинителството, има доволно докази за кривичното дело. Вина не признаа ниту останатите двајца обвинети дека ѝ помагале во кривичното дело.