Бугарија критикувана од ЕКРИ за односот кон Македонското малцинство

17.09.2014 16:53

Европската комисија за борба против расизмот и нетрпеливоста или скратено ЕКРИ, инаку независен орган на Советот на Европа во најновиот извештај за Бугарија од петтиот круг на евалуација, уште еднаш го посочува нессодветното однесување кон Македонците кои живеат во Бугарија.

ЕКРИ повторно забележува дека говорот на омраза и нетрпеливост претставува „сериозен проблем во политичките дискуии во Бугарија и притоа ситуацијата се влошува“.

„Главна цел на говорот на омраза во Бугарија се Ромите, муслиманите, евреите, Турците и Македонците“ – нагласува ЕКРИ.

„Бугарија се ангажира да ја ратификува повелбата за малцински јазици и да ги призна малцинствата кои се на нејзина територија, така таа треба да призане дека македонското малцинство постои“, рече Франсоа Алфонси, поранешен европратеник член на Европската слободна Алијанса.

Во извештајот меѓу другото се забележува дека во Бугарија оперираат повеќе мали политички партии и ултранационалистички или фашистички групи, тука се посочува ВМРО-БНД  која според ЕКРИ систематски повикува на омраза кон соседното население на Балканот.

ЕКРИ во извештајот исто така забележува дека кај Македонците и Помаците постои чувство на длабока непријатност, бидејќи тие не се признати од бугарската држава како етничко малцинство.

Македонците и Помаците се единствените малцинства кои не се наоѓаат во Националниот совет за соработка и интеграција во однос на етничките прашања, советодавен орган на бугарската влада. Ова прашање со Македонците во Бугарија се обработува и од Советодавниот орган на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, чиј трет извештај во моментов се усвојува.

„Ако ЕУ се покаже одлучна, Бугарија ќе има обврска да ја ратификува повелбата, бидејќи тоа беше обврска преземена при нејзиниот прием во ЕУ, а кога не се почитуваат обврските се губат правата дадени со членството“, рече Франсоа Алфонси, поранешен европратеник член на Европската слободна Алијанса.

Ова не е прв пат да се покажува на проблемот со македонското малцинство во Бугарија од страна на Европските институции, но очигледно е кога една земја е членка на ЕУ, таа може да се однесува поинаку и да го бара она што таа не го прави од земјите кандидати.

За МТВ од Стразбур Тони Гламчевски