Земјоделство

Кризата на Блискиот Исток ги поскапува земјоделските репроматеријали

16.04.2026 17:31

Во ек на пролетната сеидба поскапеа цените на ѓубривата и снабдувањето со нив е отежнато поради војната на Блискиот Исток. За земјоделците ова е уште еден удар покрај поскапата нафта и хемиски препарати. За граѓаните ова е најава за поскапа храна во наредните месеци. Утре состанок на увозниците на ѓубрива со министерот за земјоделство.

Македонија е увозно зависна за ѓубрива и пестициди и состојбите на блискиот исток се чувствуваат на домашниот пазар.

Пазарниот инспекторат врши скрининг на увозниците на вештачки ѓубрива во делот на увозната цена и маржата на ѓубривата. Се прави план за превенирање на ценовен шок на земјоделските производи.

Според земјоделците, вештачките ѓубрива се поскапени за 40 насто и предупредуваат дека ако цените продолжат да растат, ќе имаме помали приноси и поскапа храна.

Славица Величковска