ТУРЦИЈА

Уапсен таткото на 14-годишниот ученик во Турција кој со огнено оружје уби деветмина, а рани 13 лица

16.04.2026 14:04

Меѓу загинатите има осум ученици и еден наставник, додека шестмина од повредените се во тешка состојба...

Турција и натаму се справува со шокот по нападот во средно училиште на југот од земјата каде 14-годишен ученик уби девет лица, а рани уште 13. Меѓу загинатите има осум ученици и еден наставник, додека шестмина од повредените се во тешка состојба. Напаѓачот, во училиштето влегол со пет огнени оружја и муниција. Таткото на момчето, поранешен полицаец е уапсен. Турското МВР објави дека не станува збор за терористички напад, туку за изолиран чин.

Случајот дополнително ја вознемири јавноста затоа што следуваше само еден ден по уште една пукање во училишен комплекс на југозападот од земјата, каде поранешен ученик рани 16 лица пред да си го одземе животот.