Собрание

Продолжена одлуката за кризна состојба поради случувањата на Блискиот Исток

16.04.2026 13:15

До 20-ти јули Собранието ја продолжи кризната состојба од можно попречување во снабдувањето со нафтени деривати, поради кризата на Блискиот Исток.

Поради продолжените ризици од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати, Собранието денеска на пленарна седница го усвои предлогот за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија.

Со одлуката, што претходно доби поддршка и од Комисијата за одбрана и безбедност, кризната состојба се продолжува до 20-ти јули 2026-та година, а ќе започне да се применува од 21-ви април, по нејзиното објавување во „Службен весник“.

Миле Ристески известува од законодавниот дом.