Од септември се менува начинот на специјализација
Тесно профилирани специјализанти со недоволна практична подготвеност го оптоваруваат здравствениот систем. Здравствените власти најавуваат реформи – од септември се менува начинот на специјализација, со фокус на поширока едукација и повеќе пракса.

Тесно профилирани специјализанти со недоволна практична подготвеност што е сериозен притисок врз терцијарното здравство покажале анализите на здравствените власти. Како одговор на овој предизвик од септември следуваат измени на законската регулатива за специјализанти најави министерот за здравство Алиу. Фокусот на реформата е на интерната медицина и општата хирургија.
Лекарите од градовите низ земјава се ограничени од усмерените специјализации- велат од Лекарската комора, кои се иницијатор за законските измени. Реформата предвидува специјализацијата од шест да се намали на пет години.
Предвиден е период од три години за усогласување на постојните специјализации со новите програми. Студентите до трета година ќе учат по нова програма, преостанатите по стара.
Ова не е само образовна реформа туку системска. Очекуваните ефекти се подобрување на секундарното здравство и подостапни и поквалитетни здравствени услуги за пациентите.
Александра Велинова
