Потребна е итна реформа во семејното законодавство – став на стручната фела
Потребна е итна реформа во семејното законодавство – став на стручната фела. Велат дека во Македонија за разлика од други европски земји, повеќе од три децении не се направени промени кои се потребни за подобра заштита на сите членови на семејството, особено на децата...

Се повеќе разводи, самохрани родители, спорови околу старателството на децата, семејно насилство – сето тоа ја наметнува потребата од реформи во семејното законодавство, смета стручната фела. Велат кај нас за разлика од другите европски земји повеќе од три децении не се направени промени.
Според истражувањата недостасуваат достапни брачни советувалишта, предбрачни советувања, поголема ажурност на институциите.
Според анализата на Институтот за семејни студии во рамки на образовниот процес многу малку се разговара за семејството а тоа е многу важно особено во средното образование.
Европското законодавство постојано се менува и се надополнува, целта на тоа е поголема заштита на сите членови од семејството особено на децата.
Ана Јосифоска
