Во Октомври првите решенија за отпис на долгови

17.09.2014 17:10

Ќе се отпишуваат долговите на примателите на социјална помош, невработените, оние кои повеќе од една година активно бараат работа и луѓето кои се доведени во социјален ризик поради смрт на брачниот другар, инвалидност или потешка болест...

Масовен одѕив за отпис на долговите. Над 29 илјади барања од социјално ранливите категории примиле центрите за социјална работа. Комисиите ги комлетираат документите по службена должност, се филтрираат податоците.

„Очекувам втора половина на октоври по завршување на рокот да ги издадеме првите решенија, апелирам до граѓаните да не го чекаат последниот рок, да ги посетат центрите за социјална работа и што е можно поскоро да ја искористат оваа мерка на владата“, вели Вицепремиерот и Министер за финансии Зоран Ставрески.

Крајниот рок за поднесување е 13 ти Октомври.  Најмногу барања има во Скопје над 8 800, во Куманово повеќе од 4 илјади, во Прилеп, Тетово, Гостивар и Струмица до 2500апликации. Належните сугерираат во барањата граѓаните прецизно да ја наведуваат категоријата на која припаѓаат и за каков долг бараат отпис. Нецелосно пополнетите апликации се вратени за корекција. Се уште немаат податоци за што најмногу должат социјално ранливите категории.

Ќе се отпишуваат долговите на примателите на социјална помош, невработените, оние кои повеќе од една година активно бараат работа и луѓето кои се доведени во социјален ризик поради смрт на брачниот другар, инвалидност или потешка болест. Ќе се простуваат направените трошоци за електрична енергија, за радиодифузна такса, пречекорувањата на трансакциска, кредити.

Целата постапка за отпис на долговите треба да заврши до ноември, сеуште нема точна бројка, но се проценува дека меѓу 50 и 100 илјади граѓани ќе се најдат на листата социјално загрозени семејства кои ќе бараат од државата поддршка за отпис на долговите.

Сузана Фиданска Стоевска