инфраструктурни проекти

Подобра инфраструктура - побрз економски развој

16.04.2026 17:36

Пелагонискиот регион се наоѓа во фаза на реализација на значајни инфраструктурни проекти, кои треба да го олеснат транспортот, да ги намалат трошоците на стопанствата и да отворат врата за нови инвестиции. Овие инвестиции се од огромно значење за локалната економија. Регионалните стопански комори со барања. Вицепремиерот Николовски со најава за нови проекти …

Пелагонискиот регион важи за еден од најзначајните економски столбови во земјава. Со развиено земјоделство, индустриски капацитети и потенцијал за енергетика и туризам, има клучна улога во економскиот развој. Но, за тоа потребно е добра инфраструктура. Интензивирање на градежните активности на автопатот Прилеп – Битола, обиколница Битола – Меџитлија и Ресен-Охрид, пругата кон Грција и гасификацијата се барањата на регионалните стопански комори.

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола е најзначајниот инфраструктурен проект во овој регион. Градежните активности во полн ек, првите асфалтирани километри во пролет идната година, целосна реализација во 2029-та. Вицепремиерот Николовски, од јуни најави и меѓуградски воз, Прилеп-Битола-Жабени за 150 денари повратен билет. Се работи на обиколница кај Прилеп, топловодот во Битола и гасификација

Иако железничката инфраструктура е клучна за развојот стопанството во регионот, Николовски, информираше дека ова поврзување нема да има епилог во догледно време, проблемот е во изградбата на пругата од грчка страна.

Инфраструктурата е императив за развој на пелагонискиот регион, кој има околу 8 илјади правни субјекти

Пелагонискиот регион, 2025 ја заврши со 3 проценти економски раст и 5 проценти зголемен извоз. Истиот остварува и 13 проценти од бруто домашниот производ во Македонија.

Александра Максимовска