Ново рочиште за Стојанче Јовановски
На денешното рочиште, исказ пред судот треба да даде обвинетиот Стојанче Јовановски, а неговата одбрана ќе ги презентира своите докази. На претходното судење, со снимки од безбедносните камери близу Кривичниот суд...

На денешното рочиште, исказ пред судот треба да даде обвинетиот Стојанче Јовановски, а неговата одбрана ќе ги презентира своите докази. На претходното судење, со снимки од безбедносните камери близу Кривичниот суд, Обвинителството го докажуваше семејното насилство што го вршел Стојанче Јовановски врз неговата сопруга Ивана. Денот кога таа скокна од балконот, со ќерката в раце, обвинетиот пред сведокот Мартин Саздов ја удирал со шлаканици, по што таа викнала полиција, за која сведокот рече дека не презела ништо.
Меѓу доказите на Обвинителството се и снимки од мобилниот телефон на Стојанче, кој ги снимал караниците со сопругата, која го прашува и зошто ја тепа и вели дека ќе го пријави за насилството. Јовановски е обвинет за семејно насилство, телесна повреда, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство на сопругата Ивана.
Тој призна вина за две дела, но, негираше вина за најтешкото, наведување на самоуби.
