Претседателката Сиљановска-Давкова учествува на Дипломатскиот форум во Анталија
На панелот ќе говорат и претседателот на Казахстан и премиерите на Пакистан, на Катар и на Грузија...

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе се обрати на „Лидерскиот панел“ на Дипломатскиот форум во Анталија, во организација на Министерството за надворешни работи на Турција, а под покровителство на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Во фокусот темата „Мапирање на иднината, управување со неизвесностите“. На панелот ќе говорат и претседателот на Казахстан и премиерите на Пакистан, на Катар и на Грузија. На петтиот дипломатски форум се најавени учесници од 155 земји, меѓу кои 21 шеф на држава и влада, 61 министер и десетици парламентарци.
Вчера шефицата на државата во Истанбул имаше средба со турскиот претседател Ердоган. Потврдени традиционално добрите билатерални односи меѓу двете земји.
