Украина и Холандија ќе влезат во нова фаза на одбранбена соработка, објави Зеленски
Украинскиот претседател објави дека заедно со Холандија ќе влезат во нова фаза на одбранбена соработка. Русија обвини дека Германија се претвори во главен спонзор на војната во Украина и има една од главните улоги во милитаризацијата на земјата...

Украинскиот претседател објави дека заедно со Холандија ќе влезат во нова фаза на одбранбена соработка. Киев и Амстердам потпишаа специјален договор за безбедносно партнерство ќе вклучува договор за беспилотни летала.
Претходно Русија обвини дека Германија се претвори во главен спонзор на војната во Украина и има една од главните улоги во милитаризацијата на земјата.
Словачка пак, објави дека е подготвена да го блокира новиот пакет санкции на ЕУ против Москва сè додека не добие гаранции дека нафтоводот „Дружба“ ќе биде повторно отворен. Земјата нема да се спротивстави на одобрувањето на заем од 90 милијарди евра за Украина, велат во словачкото МНР.
