Нови демонстрации во Венецуела поради ниските плати
Граѓаните на Каракас упатија директна порака до претседателот на САД, да изврши притисок врз в.д претседателката, Делси Родригез за повисоки плати, пензии и организирање слободни избори...

Нови демонстрации во Венецуела. Граѓаните на Каракас упатија директна порака до претседателот на САД, да изврши притисок врз в.д претседателката, Делси Родригез за повисоки плати, пензии и организирање слободни избори.
Земјата се соочува со континуирани протести поради ниските плати. Голем број јавни службеници заработуваат околу 160 долари месечно, а минималната плата е непроменета од 2022 година. По апсењето на поранешниот претседател Мадуро од страна на САД, синдикалните лидери рекоа дека го поздравуваат вклучувањето на Вашингтон во промените во земјата, но бараат побрзи политички и економски промени.
„Сите сме едно и поминуваме низ катастрофата на транзицијата која не ни одговара. Тоа е едно од нештата што ќе и ги кажеме на американската влада“, рече Карлос Салазар, лидер на синдикат во Венецуела.
„Трети јануари е факт и ние сме благодарни, но не сме задоволни. Работата мора да се заврши, ни требаат слободни избори за да се создаде легитимна влада за да може голем капитал да влезе во земјата. Правна сигурност и владеење на правото за да може она што се прави во Венецуела да биде легитимно“, изјави Хозе Патинес, лидер на синдикат во Венецуела.
