Турската полиција уапси над 150 луѓе по пукањето во училиштата, обвинети се за шират страв
Министерството за правда вели дека уапсените се теретат за споделување содржини што шират страв во функција на оправдување на криминалот.

Турската полиција уапси 162 лица под обвинение за објавување контроверзни содржини од двете пукотници во училишта што се случија во земјата неделава. За над илјада профили на социјалните мрежи се воведени ограничувања.
Министерството за правда вели дека уапсените се теретат за споделување содржини што шират страв во функција на оправдување на криминалот.
Во вторникот, најмалку 16 лица беа повредени во пукотница во средно училиште. Еден ден подоцна малолетник вооружен со пет оружја и муниција уби десет лица во основно училиште.
Според истрагата, само два дена пред масакрот малолетникот бил на стрелиште со својот татко, кој е поранешен полицаец. Имено, таткото кој сега е зад решетки им рекол на колегите дека го однел синот да се обиде да испука неколку истрели.
Мотивите за крвавиот чин остануваат и натаму нијанси.
