Руско - украински конфликт

Нов руски напад врз Одеса во текот на ноќта

17.04.2026 10:03

Во текот на ноќта, Русија изврши уште еден напад врз Одеса, оштетувајќи го пристаништето. Романија објави дека дрон влегол во нејзиниот воздушен простор за време на руски напад.

Во текот на ноќта, Русија изврши уште еден напад врз Одеса, оштетувајќи го пристаништето. Романија објави дека дрон влегол во нејзиниот воздушен простор за време на руски напад. Москва ги продолжува континуираниот воен притисок врз Киев.

Во вечерашните напади во повеќе региони загинаа 18 лица, а стотина беа повредени.

Украинскиот претседател ги отфрли сугестиите дека безбедносните гаранции на САД би биле условени со откажување на Украина од Донбас. Тој додаде дека некои американски претставници, вклучувајќи ги Кушнер и Виткоф, веруваат дека Русија ја добива војната, но нагласи дека таквата проценка е погрешна. Зеленски сепак потенцира дека Украина продолжува да води конструктивен дијалог со Вашингтон.