Бојкотот на опоцизијата ќе влијае на извештајот на Европската комисија

17.09.2014 17:26

Неофицијално Македонија и оваа година ке ја добие 6-тата по ред позитивна препорака, но овој пат на стаклени нозе, пред се како што изјави Стано поради домашната политичка ситуација, а во прв ред бојкотот на државните институции од страна на опозицијата и отсуствотот на дијалог...

Без да шпекулира за содржината на годишниот извештај на европската комисија за напредокот на државата – портпаролот Петар Стано ја повтори позната флоскула дека документот е објективна оценка за напорите кои ги прави земјата во изминативе 12 месеци. Неофицијално Македонија и оваа година ке ја добие 6-тата по ред позитивна препорака, но овој пат на стаклени нозе, пред се како што изјави Стано поради домашната политичка ситуација, а во прв ред бојкотот на државните институции од страна на опозицијата и отсуствотот на дијалог. Во контекст на тоа и периодичното мирување на дијалогот за пристапни преговори на високо ниво.

И покрај најавата на новиот претседател на Европската Комисија Жан Клод Јункер дека ќе нема нови членки во Унијата , портпаролот на  Фуле изјави дека повеќе од јасно е дека таканаречениот ХЛАД ќе продолжи.

„Има воља да се продолжи со оваа платформа, со овој инструмент во насока да се унапредат реформите во отсуство на реалени пристапни преговори. Постои  континуирана обврска на Европската унија и државите членки да го унапредуваат пристапниот процес со сите држави од Западен Балкан“, рече Петар Стано, портпарол на Европската комисија.

Во меѓувреме се обидувавме да продолжиме да работиме со македнските власти за неопходните реформи кој го олеснуваат патот до пристапните преговори–рече Стано.

Годишниот извештај на Европската Комисија за напредкот на Република Македонија, заедно со извештаите на останатите држави кандидати за членство во европската Унија ќе биде објавен на осми октомври.

Марина Тонева