Македонија

Експравобранителот Стафа признал вина

17.04.2026 10:18

Адвокат Фехми Стафа признал вина и се спогодил со обвинителството да одлежи казна затвор од една година и три месеци, потврдија од Јавното обвинителството за гонење организиран криминал и корупција...

Поранешниот државен правобранител и актуелен адвокат Фехми Стафа признал вина и се спогодил со Обвинителството да одлежи казна затвор од една година и три месеци, потврдија од Јавното обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Стафа беше уапсен на 13-ти декември лани, а на 20-ти март годинава против него беше поднесен обвинителен акт за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“.

Стафа му беше адвокат на Љупчо Пецов-ѓаволот, еден од осомничените за финансиски криминал во случајот „Синџир“, покренат на крајот на октомври 2023 година, со кој се опфатени 26 физички и 28 правни лица. Сите се осомничени дека создале шема за даночно затајување, преку која издавале фактури со ДДВ за наводно извршени набавки кои всушност не биле извршени.

Со лажно даночно побарување, го оштетиле буџетот за речиси 8 милиони евра.