МВР
Претрес во Тетово, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
17.04.2026 15:01
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава...

Вчера во 22:05 часот, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишник од Тетово поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.
При претрес во локал во Тетово, извршен со согласност од сопственикот, а кој под наем го користел малолетникот, пронајдени се и одземени 34 пакувања со марихуана, една кутија и една ќеса со марихуана и едно пакување со бела прашкаста материја. Тој е задржан во полициска станица и во присуство на родител со него ќе биде извршен службен разговор.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
