Пешевски: Гасификацијата ќе донесе значителни заштеди за граѓаните и компаниите
Претставници на ЕБОР иднава недела доаѓаат во Македонија, со властите ќе разговараат за финансирањето на примарната гасоводна мрежа. За гасификација на скопскиот регион во трка се две компании: Аксо Енерџи од Турција и Конкордија од Италија сакаат да се вклучат во изградбата на гасоводната мрежа.
Целиот проект за гасификација на Македонија ќе чини повеќе од 150 милиони евра, и ќе донесе значителни заштеди за граѓаните и компаниите, вели во интервју за Радио Слободна Македонија, вицепремиерот Пешевски.

„Заштеди и до 45 проценти на годишно ниво за домаќинствата. Гасификацијата ќе ги намали во голема мера трошоците, односно природниот гас ќе чини речиси половина помалку годишно, споредено со сметките за енергенсите што во моментот ги користат граѓаните“, вели Пешевски.
Според вицепремиерот, едно домаќинство кое живее во куќа на три ката или со површина од околу 250 квадратни метри, доколку екстра лесното масло би го замениле со природен гас би заштедиле, според пресметките, 45 проценти од трошоците на годишно ниво. Ако домаќинствата и компаниите трошат струја заштедите кај нив би биле 22, односно 49 отсто од трошоците на годишно ниво.