По седум месеци пауза „Вардариште“ повторно гореше
Повторно чад врз метрополата, гори отпад, се шири миризба на изгорено низ воздухот. „Вардариште“ повторно гореше. Институциите постојано најавуваат засилени инспекциски контроли но и покрај тоа граѓаните бараат трајно решение со пожарите на депониите бидејќи тој проблем се повторува секоја година.

Институциите постојано најавуваат засилени инспекциски контроли но и покрај тоа граѓаните бараат трајно решение со пожарите на депониите бидејќи тој проблем се повторува секоја година.
По седум месеци пауза, „Вардариште“ повторно гореше. Граѓаните велат дека е време конечно да се разбудат институциите.
„Вардариште“ влегува во фаза на темелно чистење, уверуваат од Град Скопје.
„Започна процесот на одгасување на депонијата „Вардариште“, што претставува значаен чекор кон нејзино целосно затворање и трансформација во современ мега парк. Во рамки на активностите, мапирани се 22 бунари за собирање на отпадните гасови, од кои ќе се земаат примероци за анализа во сертифицирани лаборатории, со цел утврдување на нивниот состав и количина. Паралелно се спроведува и темелно површинско расчистување на локацијата. Со реализацијата на овој проект, „Вардариште“ ќе стане зелен простор од околу 300.000 метри квадратни, наменет за рекреација, спорт и подобрување на квалитетот на животната средина“, стои во соопштението од Град Скопје.
Од Град Скопје додаваат дека со овој проект се предвидува изградба на мост помеѓу општините Гази Баба и Аеродром со што ќе се подобри сообраќајниот хаос во градот.
Покрај „Вардариште“ каде пожарот е веќе изгаснат, веќе неколку дена гори и депонијата во Арачиново велат од ЦУК. Додаваат дека имале координативен состанок со градоначалникот на општината.
Во меѓувреме на неколку локации во Кисела Вода се спроведува масовна акција за расчистување на дивите депонии.
Ана Јосифоска
