Ќе се обновува фрескоживописот во црквата Св.Константин и Елена во Мокрино
Ќе се обновува фрескоживописот во црквата Св. Константин и Елена во подбеласичкото село Мокрино. Општина Ново Село очекува дополнителен туристички импакт, жителите пак враќање на иселениците во родното место …

Црквата Св. Константин и Елена во Мокрино чиј фрескоживопис настрадал од бугарската војска во првата светска војна е столбот на верата на жителите од подбеласичките населени места. Овој храм ги обединува и иселениците од сите краишта на Европа и место каде доаѓаат голем број верници од земјава.
Црквата е изградена во 1874 а една година подоцна биле нацртани фреските од Антон Мелник. Реставрација се очекува да заврши за 6 месеци.
Средствата за реализација на овој проект во висина од над 2 милиони денари се обезбедни од унгарскиот заем преку Општина Ново Село која очекува црквата да биде дел и од туристичката понуда.
Од Министерството за култура посочија дека овој проект претставува значаен чекор во зачувувањето и афирмацијата на културното наследство на Општина Ново Село.
Освен во Мокрино од Министерството најавија конзервација на фрескоживописи и во други цркви во нашава земја.
Ване Трајков
