Шест години пандемија-последиците долгорочни
Поминаа шест години откако почна пандемијата со корона вирусот. Човечките загуби немерливи-последиците долгорочни...

Прилепчанецот Петар Ристески верува дека има големи последици од короната. Здравјето оттогаш му се нарушило, добил и дијабетес.
Оштетувања на белите дробови проследено со замор, тромбоемболични компликации, поради терапијата некои пациенти развиле дијабетес. Стравот постои и понатаму, а се прават и скапи испитувања.
Глобалните проценки се дека последиците влијаат и на намалување на БДП, на годишно ниво од 0,1 до 0,2 проценти, а трошоците во здравствените системи во земјите годишно се проценуваат на 9,5 милијарди долари.
Траумите од корона вирусот за 50 проценти ги зголемија психолошките советувања.
Во Македонија допрва ќе се анализира и пазарот на трудот.
Елизабета Митреска
