Мицкоски за писмото на Филипче до ЕУ, СДСМ со кривична против премиерот
Секој има право да се допишува и да праќа писма, но моите чувства се посилни, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски, откако лидерот на социјалдемократите Венко Филипче прати официјални писма до ЕУ и амбасадорите по изјавата на премиерот дека има чувство оти ќе одговараат поранешни функционери на СДСМ.

Премиерот Христијан Мицкоски има сè посилни чувства дека функционери од поранешната влада на СДСМ ќе станат предмет на прогон. Реакцијата на шефот на Владата е поради писмата кои ги испрати лидерот на Социјалдемократите Филипче до претставниците на Европската Унија. Мицкоски оцени дека секој има право да се обраќа и да испраќа писма до меѓународни адреси, но дека неговиот став за ваквите потези останува непроменет.
Социјалдемократите поднесоа кривична пријава против Мицкоски за злоупотреба на службената должност. Од партијата сметаат дека со своите изјави премиерот јавно повикува на покренување кривични пријави. Побараа Обвинителство да го повика претседателот на Владата на распит.
Претседателот на СДСМ, Филипче во „чувствата“ на премиерот виде политички прогон на опозицијата за што ги извести амбасадорите и европските институции.
Претседателот на СДСМ со став дека со ваквите изјави премиерот Мицкоски го нарушува уставниот поредок, поделба на власта и владеење на правото.
Марина Стојанова-Тонева
