Кривичен суд

Обвинетиот Стојанче Јовановски со своја верзија за трагичниот случај, тврди дека бил жртва

17.04.2026 17:25

За животот со Ивана, купувањето на стан, сомнежите и конфликтите поради Мартин Саздов, дрогата во автомобилот и случките од кобниот ден кога згасна животот на Ивана и на Катја, во Кривичниот суд свој исказ даде Стојанче Јовановски. Тој рече дека проблемите во бракот, кавгите биле поради Мартин кој ја уценувал Ивана со експлицитни содржини...

За животот со Ивана, купувањето на стан, сомнежите и конфликтите поради Мартин Саздов, дрогата во автомобилот и случките од кобниот ден кога згасна животот на Ивана и на Катја, во Кривичниот суд свој исказ даде Стојанче Јовановски. Тој рече дека проблемите во бракот, кавгите биле поради Мартин, бидејќи ја уценувал Ивана со експлицитни содржини и ѝ се заканувал, дури и Катја се обидел да ја земе од училиште за да изврши притисок Ивана да го остави.

По барање на обвинителство на рочиштето исказ дадоа и судските вештаци. Рекоа дека во предел од левата страна на брадата Ивана имала три модринки настанати една недела пред несреќата. А на десната страна на вратот, под долната вилица имала крвни подливи кои укажувале дека повредите се направени дента или еден ден претходни.

Стојанче Јовановски е обвинет дека ја навел на самоубиство својата сопруга Ивана, која се самоуби на 2-ри март по пад од балкон во скопската населба Тафталиџе, заедно со шестгодишната ќерка Катја. Тој се товари и за загрозување на сигурноста на Ивана и за телесни повреди при вршење на насилство.

Наташа Јанчиќ – Менковски