Екологија

Текстилниот отпад-голем загадувач

19.04.2026 12:09

Стотици тони текстилен отпад годишно завршуваат на депонија. Потребно е многу повеќе за нивно разградување. Со нивно палење канцерогени честитки се акумулираат во луѓето. Словенската амбасада и невладината „Добредојде Македонија“ ги запознаа младите во Битола со можностите на циркуларната економија...

Од домаќинствата и од индустријата годишно се собираат околу 35 илјади тони текстилен отпад, велат анализите правени во Македонија. Од овие, стотици тони завршуваат на депониите. По нивно палење преку воздухот, водата, почвата, луѓето акумулираат штетни канцерогени честички.

А со помош на бабините вештини и на старата облека и се дава нов живот. Па место на отпад, може да се создаде супербренд, но и да се придонесе за зелената агенда.

Според статистиките, во нашата земја само 1 посто текстилен отпад се рециклира, а околу 5 проценти се реупотребува. И ова не е според стандардите на Европската унија.

Преку настанот „Пренамена и реупотреба“ средношколците беа мотивирани да користат облека од втора рака, но и да размислуваат по принципот-„земи, направи, троши, отстрани“ или во насока на циркуларната економија.

Ружица Аџикотарева Ѓоршевска