Марш на ангелите
Денеска во Штип ќе се одржи 41. Марш на ангелите
18.04.2026 08:40
Денеска во Штип ќе се одржи 41. Марш на ангелите, посветен на загинатите, повредените и семејствата кои повеќе од една година бараат правда …

„Маршот на ангелите“ денес ќе се одржи во Штип. Здружението „16 Март“ повикува на поддршка од граѓаните во барањето правда за починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ како и поддршка на повредените. Маршот ќе започне во 16.05 часот од плоштадот „Слобода“ во Штип.
„Ова не е само марш, ова е чекор за сеќавање, чекор за правда. Ќе чекориме достоинствено и гласно ќе потсетиме дека нашите најмили не смеат да бидат заборавени и дека правдата не смее да доцни“ – стои во објавата на здружението „16 Март“.
