Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди

18.04.2026 09:08

Во источните делови ќе има повремен локален дожд, а во југоисточните услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има повремен локален дожд, а во југоисточните услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната дневна температура ќе биде од 17 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.